вторник, 23 декември 2025

Ферари се врати, еден-два победа во Бахреин, кошмарен ден за Ред Бул

Објавено на

часот

Сподели

Конечно радост и за фановите на Ферари, ако денот се познава по утрото, ова може да биде нивна сезона. Шарл Леклер победи во Бахреин, а втор беше Карлос Саинц.
 
Леклер го освои и бодот кој му се доделува на возачот со најбрз круг.
 
Шокантен крај имаа болидите на Ред Бул, најпрво откажа болидот на Ферстапен, а потоа и на Серхио Перез, тоа им се случи пред самиот крај на трката.
 
Леклер имаше водство од самиот почеток, но Ферстапен беше блиску до него, двајцата имаа неколку спектакуларни дуели во кои се претекнуваа, сепак возачот на Ферари успевашеда одолее.
 
Црниот ден за Ред Бул дојде како порачан за Мерцедес, Луис Хамилтон стигна до подиумот, заврши како трет, а Џорџ Расел на четвртото место.
 
Во првите десет беа уште и Кевин Магнусен на Хас, тоа беше најдобриот резултат во историјата на овој тим, на шесттото место заврши Валтери Ботас од Алфа Ромео, потоа следуваа Окон, Цунода, Алонсо и дебитантот Жу.
 
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ