М.З. (31) од Велес е осомничен дека на 14 март влегол во градинка на ул.„Коле Цветков“ во Велес и од магацинскиот простор одзел повеќе производи. М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката, посочуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






