среда, 1 април 2026

ЕУ тивко го укина правилото кое ѝ овозможуваше да ѝ продава оружје на Русија

Објавено на

часот

Сподели

Европската Унија во 2014 година по анексијата на Крим воведе ембарго на продажба на оружје на Русија.

Меѓутоа, таа одлука содржеше клаузула според која забраната на извоз на оружје не се однесува на договорите потпишани пред август 2014.

Тоа им овозможи на одделни држави членки на ЕУ минатата година да извезат оружје и муниција во Русија во вредност од 39 милиони евра, што е зголемување од над 50 отсто во однос на 2020 година.

Меѓу најголемите извозници биле земјите со силна одбранбена индустрија како Франција и Германија.

По инвазијата на Русија на Украина, која почна на 24 февруари, одделни држави членки силно ја критикуваа таа дупка во одлуката од 2014 година.

Одлуката за бришење на исклучокот е донесена дури во петтиот пакет санкции, кој стапи на сила минатата недела.

Интересно е тоа што одлуката не е соопштена преку вообичаените комуникациски канали на ЕУ, туку само е објавена во службен весник, објави Ројтерс повикувајќи се на дипломатски извори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ