понеделник, 30 март 2026

ЕУ ќе почне да ги испитува барањата од Украина, Грузија и Молдавија за приклучување кон блокот

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во твит француското претседателство на ЕУ соопшти дека 27-те постојани претставници на европските земји „се согласиле да ја поканат Европската комисија да презентира мислење за секоја од апликациите за членство во ЕУ поднесени од Украина, Грузија и Молдавија“.

Со ова почнува процес што може да трае со години пред трите поранешни советски земји да се сметаат за земји кандидати за пристап во ЕУ.

Земјите што сакаат да станат дел од Европската Унија мора да исполнат строги „пристапни критериуми“, кои вклучуваат сложени социјални, правни и политички реформи и се „суштински услови што сите земји кандидати треба да ги исполнат за да станат членка“, според правилата на ЕУ.

„Капацитетот на ЕУ да прима нови членки“ исто така е дел од размислувањето за дозволување на нови земји да му се приклучат на блокот.

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во твит претходно денеска рече дека за кандидатурата за членство на Украина ќе се дискутира во „наредните денови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ