вторник, 31 март 2026

ЕУ го оцени како „недолично“ мешањето на рускиот амбасадор во внатрешните прашања на БиХ

Објавено на

часот

Сподели

„Само граѓаните на БиХ може да одлучат каде припаѓа нивната земја и кои партнерства ги бара. Неприфатливо е да се испраќаат закани од надвор за да се влијае врз таквиот избор“, наведе Стано во пишаниот одговор до медиумите.

Тој повторно ја повика Русија да ги исполни меѓународните обврски, да престане да ја поткопува стабилноста и безбедноста во Европа и веднаш да ја прекине својата незаконска агресија на Украина.

Рускиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Игор Калабухов, во интервју за ФТВ објавено на 15 март, за можното влегување на БиХ во НАТО, наведе дека тоа е „внатрешна работа на секоја држава“, но дека друга работа е реакцијата на Русија.

„На примерот на Украина покажавме што очекуваме. Ако има закани ние ќе реагираме“, кажа Калабухов.

Додаде дека не станува збор за директна закана, но дека ќе се анализира геополитичката ситуација.

„Мислам дека е нереално БиХ да стане членка на НАТО, гледам дека нема консензус“, кажа Калабухов.

Американската амбасада во БиХ исто така ги осуди заканите на амбасадорот на Руската Федерација Калабухов со реакција на Русија доколку БиХ стане членка на НАТО.

„Последните закани на рускиот амбасадор кон БиХ се опасни, неодговорни и неприфатливи. Ниедна трета страна нема право на глас во безбедносните договори меѓу НАТО и суверените земји“, се наведува во постот на амбасадата на САД на Твитер од 17 март.

Амбасадата на САД наведе дека ќе продолжи „да стои силно со БиХ за време на преземањето на потребните чекори за да обезбеди членство“ во воениот блок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ