вторник, 31 март 2026

ЕУ добива сили за брза воена реакција, ќе ги предводат германски војници

Објавено на

часот

Сподели

„Сега е важно да се испрати сигнал дека тука сме еден за друг ако затреба“, кажа германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт на маргините на состанокот одржан денес во Брисел. Таа истакна дека германски војници ќе бидат рбетот на новата воена формација.

Единицата би требало да има до 5.000 војници и би требало да биде формирана до 2025. Таа е дел од поширокиот воен концепт, кој во Брисел го договорија земјите членки.

Концептот пред неколку години го иницираше Германија, но по нападот на Русија на Украина, како што се дознава од дипломатски кругови, уште еднаш е преработен.

Ламбрехт единицата за брза реакција ја нарече јадро на новиот концепт и истакна дека во моментов се истражуваат можностите како потенцијалите на НАТО да се усогласат со новоформираната единица за да се „добие максимален ефект“.

Новиот безбедносен концепт треба да ја замени досегашната Борбена група составена од две едници од по 1.500 војници. Во последно време се јавија проблеми со недоволен број војници за овие единици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ