вторник, 23 декември 2025

Ериксен за прв пат во составот на Данска по срцевиот удар на ЕВРО 2020

Објавено на

часот

Сподели

Кристијан Ериксен повторно ќе го облече дресот на Данска, фудбалерот доби повик за пријателските натпревари против Холандија и Србија.

Ова ќе биде негов прв настап по срцевиот удар на ЕВРО 2020, кога колабираше на теренот на мечот против Финска во Копенхаген.

Неколку дена подоцна тој беше опериран, му беше поставен Имплантабилен дефибрилатор на кардиовертер, уред кој го следи и регулира ритамот на срцето.

И покрај непријатната епизода, Кристијан Ериксен одби да стави крај на кариерата, го раскина договорот со Интер и во јануари потпиша за Брентфорд.

Кам-бекот на терените го имаше минатиот месец, кога одигра речиси 40 минути против Њукасл, за потоа да биде стартер и да одигра цел натпревар против Норич. Изминатиов викенд Кристијан Ериксан доби нови 90 минути против Барнли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ