„На Путин треба да му кажеме: „Ти сега треба да бидеш тој кој ќе го направи чекорот кон мирот“. Треба да настојуваме да го решиме овој конфликт на начин на кој ќе го охрабриме на чесно излегување“, кажа Ердоган по завршувањето на НАТО самитот во Брисел.
Ердоган најави дека ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и Путин за да ги проценат деталите од самитот на НАТО.
Анкара себеси се гледа како посредник во конфликтот и има блиски односи и со Киев и со Москва. Ердоган смета дека компромис меѓу Русија и Украина сè уште е можен, вклучувајќи откажување на Киев од членство во НАТО и делумно разоружување. Двете страни, меѓутоа, не можат да се согласат околу територијалните прашања.
Ердоган повтори дека Турција „не може ништо да направи“ околу санкциите на Западот поради „енергетската зависност од Русија“. „Не можам да ги оставам своите граѓани во неволја… Не можам да ја сопрам индустријата. Ние мораме да ги чуваме интересите“, јасно кажа турскиот претседател.
Русија е главен снабдувач со гас на Турција. Русите сочинуваат најголем број странски туристи во Турција и двете земји заедно ја градат првата нуклеарна централа во Турција.






