Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека в среда и четврток ќе го испрати министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Москва и Киев, како дел од посредничките напори на Анкара да помогне да се постигне прекин на огнот во Украина.
Чавушоглу истакна дека во моментов се водат разговори и со Москва и со Киев, со цел да се евакуираат 100 турски граѓани од опколениот украински град Мариупол, пренесува Ројтерс.
Чавушоглу рече дека Турција досега евакуирала 14.800 свои граѓани од Украина.






