среда, 9 април 2025

ЕП ѝ препорача на Македонија да ги спроведе уставните измени

Во Годишниот извештај за спроведувањето на Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП), усвоен од Европскиот парламент на 2 април, се наведува дека за земјите од Западен Балкан постои „континуирана потреба од реформи во однос на владеењето на правото, основните права и јавната администрација, како и усогласување со ЗНБП, вклучително и со санкциите и визната политика на ЕУ. На Македонија ѝ се препорачува да ги спроведе уставните измени. Се повика македонската Влада да постигне опипливи резултати во исполнувањето на обврската од преговарачката рамка на ЕУ и заклучоците од состанокот на Европскиот совет од 18 јули 2022 година, вклучително и релевантни уставни измени во согласност со заложбите на земјата.

Објавено на

часот

Сподели

Документот, подготвен од известувачот на ЕП за ЗНБП, Дејвид Мекалистер, ги повикува земјите на Западен Балкан „да ги искористат сите ресурси ставени на располагање за поддршка на нивното усогласување со правото на ЕУ“. Дополнително се нагласува важноста на „локалните, енергични граѓански општества“ во регионот.
„Граѓанското општество е од витално значење за поттикнување на демократијата и плурализмот и промовирање на доброто владеење, како и социјалниот напредок и дека земјите од проширувањето треба да обезбедат простор и соодветна рамка за соработка за да се обезбеди нивна значајна вклученост“, се вели во извештајот.
Кога станува збор за поединечните земји од Западен Балкан, ЕП, меѓу другото, ја поздравува амбицијата на Албанија за брзо затворање на пристапните преговори, ги повикува политичките лидери на БиХ да спроведат значителен пакет реформи, го повикува Косово континуирано да се вклучува во дијалогот со Србија со добра волја, се изразува солидарноста на ЕУ со демонстрантите во Србија, Црна Гора да ги спроведе реформите што е можно поскоро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ