среда, 24 декември 2025

Елмас и Наполи елиминирани од Европа, Барселона победи во меч со шест гола (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Барселона го надигра Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол и го победи со 4-2.
 
Победата ја најави Алба уште во осмата минута од натпреварот, а пет минути подоцна Френки де Јонг постигна прекрасен гол од далечина за 2-0 за Барселона.
 
Во 23. минута Инсиње од пенал намали на 2-1 и го врати Наполи во игра, но пред самиот крај на првото полувреме Пике даде гол за 3-1.
 
Надежите на Наполи беа срушени во 59. минута кога Обамејанг даде гол за 4-1, до крајот во 87. минута Политано успеа само да намали на 4-2.
 
Борусија Дортмунд одигра 2-2 на гостувањето кај Глазгов Ренџерс и не успеа да го надополни загубеното дома. Германците се елиминирани со 6-4.
 
Мечот меѓу Бетис и Зенит заврши без голови, Бетис славеше во Русија со 3-2, па тој оди понатаму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ