ПСЖ реши успесите и трофеите да ги брка со ангажман на звучни имиња, на играчите од својата школа не им ја укажа потребната шанса и голем број на фудбалери беа продадени за „ситни“ пари.
Кристијан Нкунку беше еден од неколкумината таленти кои шансата си ја побараа во друг клуб и во 2019 се пресели во РБ Лајпциг во трансфер вреден 13 милиони евра.
Во дресот на „биковите“ тој доби прилика да се докаже и со своите добри партии (оваа сезона има 26 погодока и 15 асистенции на 39 натпревари) го привлече вниманието на многу клубови, помеѓу кои и ПСЖ.
Но „светците“ сега ќе треба сакапо да платат за да ја исправат грешката од пред три години, РБ Лајпциг бара 75 милиони евра за продажба на Кристофер Нкунку, кој минатата недела дебитираше во дресот на Франција.






