понеделник, 22 декември 2025

Еден поинаков Челси шест пати ја тресеше мрежата на Саутемптон, нов пораз на Арсенал (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Сините“ минатиот викенд беа изненадени од Брентфорд а потоа разочараа и во пресметката против Реал Мадрид, но денеска еден поинаков Челси славеше со убедливи 0-6 на гостувањето на „Сент Мерис“.

Алонсо го отвори резултатот во 8. минута, Маунт зголеми на 0-2, Вернер стрелаше за 0-3, а по половина час игра, Хаверц рутински реализираше за 0-4.

На стартот од вториот дел, Вернер зголеми на 0-5, а пет минути подоцна, Маунт ги постави конечните 0-6.

Арсенал си ги закомпликува амбициите за топ четири пласман откако попладнево дома загуби од Брајтон и врза два порази.

Трусар ги донесе гостите во водство од 0-1 во 29. минута, за Мвепу во 66. минута да зголеми на 0-2. Одегард во финишот само намали на 1-2.

На последниот денешен натпревар во Премиерлигата од 16 часот, Лидс со 0-3 славеше на гостувањето кај Вотфорд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ