недела, 21 декември 2025

Еден-два победа за Ред Бул, лош ден за Ферари во Имола

Објавено на

часот

Сподели

Макс Ферстапен имаше мирна трка и без проблеми остана на првата позиција, а Перез уште на стартот го мина Леклер, а потоа одолеваше на нападите се до една голема грешка на возачот на Ферари.
 
Навивачите на Ферари се надеваа на успех на домашната трка во Италија, но наместо тоа се случи разочарување.
 
Карлос Саинц излета уште во првиот круг на тешките временски услови, додека кога се чинеше дека Леклер има шанси да го нападне Перез и да дојде на втората позиција, направи грешка и падна дури на осмата позиција.
 
До крајот Леклер успеа да дојде на шестото место, а неговата грешка најдобро ја искористи Ландо Норис кој се качи на победничкиот пиедестал заедно со возачите на Ред Бул.
 
Четвртото место го освои Расел, а во топ десет завршија и Ботас, Леклер, Цунода, Фетел, Магнусен и Строл. Хамилтон заврши на 14. место.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ