недела, 21 декември 2025

Дводневна официјална посета на Пендаровски на Црна Гора

Објавено на

часот

Сподели

 Во Подгорица, утре – 12 април, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на Македонија и Црна Гора и заедничка прес конференција на двајцата претседатели.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски ќе оствари средби со Здравко Кривокапиќ, претседател на Владата на Црна Гора и со Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

В среда во Бар ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Македонија и Црна Гора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ