понеделник, 22 декември 2025

Две промени во составот на Македонија за мечот со Португалија

Објавено на

часот

Сподели

Во дефанзивната линија нема промени, Димитриевски почнува на голот, централни дефанзивци се Дарко Велковски и Висар Муслиу, на бековските позиции ќе бидат Стефан Ристовски и Езгјан Алиоски.
 
Двете промени се во средниот ред, на местото од Чурлинов и Николов се Елмас и Костадинов.
 
Иако на графиконот е покажано дека Костадинов е во нападот, сепак се очекува тој да биде во средниот ред заедно со Адеми, Барди и Елмас. Во нападот се Трајковски и Милан Ристовски.
 
Во составот на Португалија голман ќе биде Диого Коста. Во одбраната централно се Данило и Пепе, а бекови ќе бидат Жоао Кансело и Нуњо Гомеш.
 
Во средниот ред Мутињо, Бруно Фернандеш и Отавио, а напаѓачкото трио го сочинуваат Бернардо Силва, Роналдо и Диого Жота.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ