Се судриле автомобили„Фолксваген Пасат”, управуван од Д.Т. (30) и „Фолксваген Голф”, управувано од И.Б. (37). Со тешки телесни повреди се здобиле Г.Б. (35), сопатник во возилото „Голф”, како и И.Б. и двете малолетни деца – негови сопатници.
Повредените Г.Б. и И.Б. биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември”, додека двете малолетни лица во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.
На лице место извршен бил увид од екипа од СВР – Скопје.






