Демократскиот сојуз ја осудува инвазијата на Русија над Украина, оваа воена интервенција е брутален напад на суверинитетот и територијалниот интегритет на Украина и кршење на меѓународното право, велат од Демократски сојуз.
„Бараме осуда на овој брутален чин од претседателот на државата, Владата и Парламентот и усогласување на нашата надворешна и безбедносна политика со НАТО И ЕУ. Воедно укажуваме на потреба да се преземат сите неопходни мерки поврзани со кризата во Украина и пошироко, со цел да се заштитат нашите стратегиски и витални интереси“, соопшти Демократски сојуз.






