„Во близина на островот Роген е забележан руски разузнавачки воен авион, по што од базата Лаге кај Росток полетаа два авиони „јурофајтер“, па го избркаа рускиот авион“, потврдил за агенцијата ДПА извор од германската војска.
Потврдено е и дека авионот се „приближувал на германскиот воздушен простор“, но дека ја сменил насоката по полетувањето на германските авиони. Инцидентот се случил во саботата.
Во меѓувреме данската влада го повикала на информативен разговор рускиот амбасадор во таа земја поради неодамнешно влегување на руски воен авион во данскиот воздушен простор над балтичкиот остров Борнхолм. Во тој инцидент рускиот авион го нарушил и шведскиот воздушен простор.






