Минатото лето, Џиџо Донарума го напушти Милан откако одби неколку понуди за продолжување на соработката и се реши за преселба во ПСЖ. Сепак, авантурата во Париз не оди според планот, па голманот размислува за враќање во Серија А.
Како што пренесува Газета дело Спорт, еден клуб го чека со раширени раце, Јувентус е подготвен да го ангажира Италијанецот.
„Старата дама“ на маса ќе стави договор тежок 10 милиони евра, односно основна плата од 7 милиони евра, плус додатни 3 милиони евра во бонуси.






