среда, 24 декември 2025

Добри вести за Ѓоковиќ, Србинот ќе може да ја брани титулата на Ролан Гарос!

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ ќе може да се појави на голем турнир порано од она што се очекуваше, Србинот денеска доби добри вести од Франција. Властите решија да ги олабават мерките и од 14. март се укинуваат ковид пасошите. 

Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на АТП мастерсот во Монте Карло и да ја брани титулата на Ролан Гарос. 

Потоа тој ќе може да се фокусира на Вимблдон, властите во Велика Британија ќе дозволат настап и за тенисерите кои не се вакцинирани. 

Останува само дилемата за УС Опен, во моментов Србинот нема дозвола за влез во САД и настап на мастерс-турнирите во Индијан Велс и Мајами и нема никакви најави за промена на правилата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ