понеделник, 22 декември 2025

Директорката на КАРИЛ тврди дека ракометарот Тот немал видливи траги на насилство

Објавено на

часот

Сподели

Трагите, како што рече, не биле видливи поради немање циркулација, не се забележани модринки, скршеници или повреди на ребра.

Мојсовска појасни дека е констатирано оти пациентот бил без срцева реакција, без притисок и без сатурација. Тот, напомена, бил донесен практично мртов. Спасувањето траело околу 15 минути и било неуспешно, се до последен момент кога е добиена срцева реакција.

„Во координација со дежурниот анестезиолог е решено да се направи компјутерска томографија. Брзата помош го најавува пациентот во Ургентниот центар како пациент кој е животозагрозувачки со некоја пулсна фреквенција на срцето која е спорна зошто срцето работи автоматски и во извештајот се вели без видливи повреди на телото,“ објасни Мојсовска.

Директорката на КАРИЛ заклучи дека последниот збор во врска со смртта на хрватскиот ракометар ќе го има извештајот од Институтот за судска медицина и криминалистика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ