Со законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, кој се носеше по скратена постапка, се укинува дискреционото право на директорите при избор за вработување медицински кадар во јавното здравство.
Во решенијата предвидени во Законот за здравственатата заштита ќе се овозможи ефикасна примена на начелата на потребата од стручност и компетентност за работните позиции за кои кандидатот конкурирал и ќе се овозможи избор на најдобриот кандидат за вработување во здравствените установи, а со тоа ќе се врати довербата во здравствените институции и ќе се дестимулира одливот на дефицитарен медицински кадар од државата.
Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за договорот за меѓународен патен превоз на стоки усвоен во 2008 година предвидува дигитализирање на транспортните активности преку електронска документација, како и електронска размена на регулаторните информации меѓу транспортните оператори – бизнисот и надлежните државни органи. Ова е познато како електронски товарен лист или eCMR.
Протоколот за eCMR е ратификуван од 39 земји овозможувајќи легална употреба на електронски испратници за меѓународен патен транспорт меѓу овие земји. Листата ги вклучува следните земји: Германија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Белорусија, Бугарија, Данска, Словачка, Словенија, Шпанија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Унгарија, Иран, Италија, Киргистан, Латвија, Литванија Луксембург, Молдавија, Норвешка, Оман, Холандија, Полска, Португалија Обединетото Кралство, Чешка, Романија, Русија Шведска Швајцарија, Таџикистан, Туркменистан, Турција, Украина и Узбекистан.






