Иако се уште е на првото место во хрватската лига, раководството на Динамо Загреб реши да се раздели со тренерот Жељко Копиќ.
Тие не се задоволни од игрите на тимот, а кулминацијата се случи по поразот од Динамо Загреб на Пољуд.
„Динамо ја известува јавноста дека господинот Копиќ веќе не е тренер на првиот тим“, соопштија од хрватскиот клуб.
Жељко Копиќ го презема клубот во 2021 година и го предводеше на 19 натпревари, со одиграни пет пријателски меча. Притоа во хрватската лига и Европа Лигата запиша 13 победи, две ремија и четири порази со гол-разлика 27-10






