вторник, 23 декември 2025

Димитриевски: Не ме плашат Феликс и Гризман, ме мотивираат да ја сочувам мрежата

Објавено на

часот

Сподели

Во минатото коло Димитриевски имаше одличен настап против Севиља иако претходно беше на клупата на неколку натпревари. Се очекува македонскиот голман и денеска да го брани голот на Рајо Ваљекано.
 
Од спротивната страна Димитриевски ќе ги има Жоао Феликс кој игра во голема форма и Антоан Гризман. Но вели дека тоа не само што не го плаши, туку го мотивира.
 
„Воопшто не се плашам од Жоао Феликс и Гризман, напротив, ме мотивираат да не примам гол, да ја сочувам мрежата. Двајцата се фантастични фудбалери, топ играчи во моментов и посебно е чувството кога играте против такви фудбалери. Голема е наградата ако успеете да останете несовладан и на својот тим да му донесете барем бод“, вели Димитриевски.
 
Натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Атлетико Мадрид почнува од 21 часот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ