вторник, 23 декември 2025

Денот кога малку фалело Абрамович да го донесе Меси во Челси

Објавено на

часот

Сподели

Роман Абрамович минатата недела соопшти дека го продава Челси, „сините“ ќе добијат нов сопственик, но прашање е кога тоа ќе се случи откако Велика Британија реши да го санкционира милијардерот од Русија и да му го замрзне целиот имот поради блиските односи со Владимир Путин и војната во Украина.

И додека се чекаат информации за разврската на оваа непријатна ситуација, Фабрицио Романо реши да одбере топ пет зделки на Челси под водство на Роман Абрамович кои за жал не се реализирале.

Добро упатениот новинар и трансфер експерт почна со Лео Меси и откри дека Аргентинецот бил мета на „сините“ во 2014 година.

„Челси навистина се обиде да го ангажира Лео Меси во 2014 кога Жозе Мурињо беше тренер. Тие навистина притискаа и притискаа, се обидуваа да го убедат Лео Меси да се пресели во Лондон. Беа остварени контакти со луѓе од околината на Лео Меси, се водеа дискусии со луѓе блиски до фудбалерот и се правеа напори да го убедат за искуство во Премиерлигата…“ – вели Фабрицио Романо.

„Но се пропадна поради Барселона. Барселона беше нешто посебно за Лео Меси. Заедно со семејството одлучија да останат во Каталонија и да продолжат со Барса“.

„Роман Абрамович го сакаше Лео Меси. Сериозно се обидуваше да го ангажира Лео Меси како новата ѕвезда на Челси но зделката на крајот пропадна“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ