Централна тема на сесиите ќе бидат актуелните безбедносни состојби предизвикани од руската воена инвазија врз Украина, како и за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирање на безбедноста на сите земји членки на НАТО.
Министрите ќе разговараат и за новиот Стратешки концепт на НАТО, односите со земјите партнери на Алијансата, како и за начините за унапредување на политичката и практична помош за партнерските земји кои се изложени на поголем ризик.
Престојот во Брисел Османи ќе го искористи за да оствари и неколку билатерални средби со своите хомолози.






