недела, 22 февруари 2026

Денеска е Прочка – празник за проштавање и покајание

Прочка е еден од најзначајните православни празници, познат и како Ден на простувањето. Се слави секоја година точно 7 недели пред Велигден и со него започнува Велигденскиот (Великиот) пост.

Објавено на

часот

Сподели

Прочка е ден кога луѓето си бараат и си даваат прошка меѓусебно за навредите и грешките направени во текот на годината.
Главната порака на празникот е духовно прочистување, помирување и почеток на постот „со чисто срце“.

Во традицијата, помладите бараат прошка од постарите, велејќи „Прости ми“, а тие одговараат „Просто ти е од мене и од Бога“. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си… Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

Проштевањето е духовен пост, кој треба да му претходи на телесниот пост. Духовниот треба да биде пред телесниот, како што е душата пред телото.

Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. Семејствата се посетуваат и се помируваат со роднини, пријатели и соседи. Се прави богата трпеза, бидејќи следниот ден почнува строг пост („Чист понеделник“). Познат обичај е „амкање“ – варено јајце или алва врзани на конец, кое децата се обидуваат да го фатат со уста. Празникот симболично го означува преминот од зима кон пролет.

Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ