понеделник, 22 декември 2025

Делегацијата на ЕУ ќе доделува награда за Најзелена општина

Објавено на

часот

Сподели

Целта на Повикот е да ги промовира добрите практики воспоставени во 2021 година на општинско ниво во однос на управувањето со отпадот, а наградата ќе ѝ биде врачена на „најзелената“ општина на 5 јуни 2022 година, односно на Светскиот ден на животната средина.

 Во продолжение на кампањата ‘ЕУ со ТЕБЕ‘ за Европскиот зелен договор, започната во ноември 2021 година, Делегацијата на Европската Унија сега ги повикува општините во Северна Македонија да учествуваат во отворениот повик за награда за Најзелена општина. Повикот е објавен за да се промовираат различни активности преземени од различни општини во текот на 2021 година кон подобро управување со отпадот во корист на благосостојбата на граѓаните и заштитата на животната средина. Општините ќе имаат шанса да ги покажат своите акции, мерки, кампањи кои направија опипливи промени на подобро и обезбедија резултати на долг рок. Тие може да се движат од едукација и подигање на јавната свест преку акции за чистење и инспекции до промени во однесувањето“, соопштија од Делегацијата на ЕУ.

Повикот ќе остане отворен од 04 март до 4 април 2022 година и секој градоначалник ќе биде поканет да аплицира и поединечно и преку соодветните Центри за регионален плански развој и ЗЕЛС. Релевантните информации ќе бидат достапни на Фејсбук страницата на Делегацијата на Европската Унија.

Делегацијата на ЕУ дополнително ќе избере пет општини кои најдобро ги претставиле своите апликации и ќе изврши посети на локацијата што ќе овозможи да се идентификува победничката општина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ