понеделник, 22 декември 2025

Дејвис: Мора цел меч да играме добро за да го победиме Веспрем

Објавено на

часот

Сподели

Во четврток со почеток од 18:45 часот, Вардар ја почнува осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите со Веспрем. Првиот меч го играме во Скопје, па важно е на свој терен да направиме добар резултат.
 
Давид Дејвис три сезони беше на клупата на Веспрем и тоа може да биде наш адут, но унгарскиот тим има многу квалитет во своите редови.
 
„За мене полесно е да разберам како игра и што сака да игра Веспрем, меѓутоа како што кажа и Гоце, тие се многу силна екипа. Знам дека играат многу добро и колективно и индивидуално. Рориго Коралес е одличен голман, не знам колку проценти одбрани има во ЛШ. Сега имаат комплетна екипа. Од почетокот на сезоната Веспрем секогаш беше горе, а ние бевме во долниот дел на табелата. На крај не изгледа дека има многу разлика меѓу нас во бодови, но тие се фаворити сто проценти, но ние играме дома, а Вардар секогаш кога игра дома се бори уште повеќе“, вели Дејвис.
 
„Мораме да бидеме многу добри во одбрана, да им помогнеме на голманите, а во напад да не губиме топки и да играме добро. Со тоа, дома можеме да победиме. Сите да бидат фокусирани, сите да помагаат, добра ротација, којшто игра да даде сè од себе. Во овие натпревари што ги игравме во ЛШ и можам да кажам дека со Монпелје игравме добро едно 45 минути, потоа се мачевме. Со Елверум добро беше второ полувреме. Значи мора да играме сите 60 минути и само така ќе имаме шанса да победиме. Само уште овој натпревар е, нема друг“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ