Според информациите, на 29 август околу 16:40 часот тие со употреба на физичка сила му го одзеле ранецот со пратки на 23-годишниот У.Д. од Скопје, кој во моментот извршувал работни задачи како доставувач.
Малолетниците биле приведени истиот ден околу 18:20 часот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.






