недела, 21 декември 2025

Деби гол на Варан, Манчестер јунајтед убедлив против Брентфорд (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед конечно одигра еден натпревар во кој доминираше, создаде многу повеќе шанси од противникот и на крајот убедливо победи.
 
Триумфот го најави Бруно Фернандеш уште во деветата минута кога постигна гол по асистенција на Еланга.
 
Пред крајот на првото полувреме Роналдо даде гол, но погодокот му беше поништен од ВАР поради офсајд.
 
По 15 минути игра Роналдо даде гол кој се броеше, Португалецот погоди од пенал за водство на Манчестер јунајтед од 2-0.
 
Во 72. минута по асистенција од Телес, Варан постигна гол, негов прв за Манчестер јунајтед со кој го постави конечниот резултат од 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ