Бабунски беше капитен во младата селекција на Благоја Милевски која играше на Европското првенство. Играше и за првиот тим, но потоа го загуби местото во репрезентацијата на Македонија. Сега по добрите игри за Дебрецин, повторно доби повик.
„Многу сум среќен што повторно сум тука во репрезентацијата и тоа после подолго време, но тука сум пак со истата желба, со истата гордост како првиот пат кога играв за Македонија“, вели Бабунски.
Тој верува дека на Италија нема да ѝ биде лесно да ја победи Македонија, вели дека ќе дадат сѐ од себе за изненадување.
„Свесни сме со кого играме, знаеме дека нѐ чека тежок меч, но и за нив ќе биде тежок меч, зашто покажавме дека можеме да се носиме со најголемите селекции. Ќе излеземе на терен и ќе дадеме сѐ од себе за да победиме. Тактички се прашања за селекторот, но од наша страна ќе играме со срце и со желба да дадеме сѐ од себе за победиме“.
„Ние нема што да загубиме, ама одиме и со големи амбиции на гости и мислам дека сме спремни за ваков предизвик. Можеме да постигнеме нешто многу, многу убаво“.






