недела, 21 декември 2025

Далекувидни се пораки од Преспанскиот договор, се согласиле Ковачевски и Ципрас

Објавено на

часот

Сподели

Во владиното соопштение се вели дека средбата се одржала во срдечна и пријателска атмосфера.

„Ковачевски и Ципрас се согласиле дека четири години од потпишувањето на Договорот од Преспа тој сѐ уште ги остварува придобивките со кои се реши тридеценискиот спор и со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и Грција, но и се обезбеди членството на нашата земја во НАТО и се донесе одлуката за безусловен почеток на преговорите за членство во ЕУ“, пишува во соопштението.

На средбата било констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека како спогодба која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина во интерес на просперитетот и граѓаните на двете земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ