Лука Дончиќ поради повреда се уште не почнал да игра во плеј-офот, но Далас без него се справува подобро од што се очекуваше. По првиот пораз на свој терен од Јута, врзаа две победи и ја свртеа серијата во своја полза.
Синоќа победија со 126-118. Брансон со 31 поен беше најдобар. Во составот на Јута, Мичел реализираше 32 поени, Богдановиќ 24.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=-iStvNVn_iY autoplay:0]
Денвер и Никола Јокиќ се пред елиминација откако го загубија и третиот меч од Голден стејт, овојпат на свој терен беа поразени до 118-113.
Јокиќ имаше добар натпревар со 37 поени и 18 скокови, но изостана поддршката од соиграчите. Во составот на Голден стејт најдобри беа Кари и Пул со по 27 поени, Томпсон постигна 26.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=EJaN-gmtL5k autoplay:0]
Мемфис направи неверојатен кам-бек, се врати од -26 поени и победи на гостувањето кај Минесота со 104-95. Во последните 15 минути серијата беше 50-16.
Бејн со 26 поени беше најефикасен кај Мемфис, Џа Морант имаше трипл-дабл со 16 поени и по 10 скокови и асистенции, Расел постигна 22 за Минесота.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=6qAeiRGk3rw autoplay:0]
Резултати:
Минесота – Мемфис 95:104 (1-2)
Јута – Далас 118:126 (1-2)
Денвер – Голден стејт 113:118 (0-3)






