Неиграњето на Лука Дончиќ се покажа како ненадоместливо за Далас во првиот меч од плеј-офот против Јута. Гостинот си замина со победа и поведе со 1-0 во серијата.
Мичел беше најдобар на теренот со 32 поени, одличен меч имаше и Богдановиќ со 26 поени, најефикасен кај Далас беше Брансон со 24 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=SzzMZud9Puc autoplay:0]
Загуби и Денвер на стартот, тие беа поразени кај Голден стејт. Стеф Кари го немаше неговиот вообичаен учинок, но и покрај тоа домаќинот дојде до триумф од 123-107.
Пул со 30 поени беше најефикасен кај Голден стејт, Томпсон постигна 19, а Кари 16. Никола Јокиќ со 25 поени и 10 скокови беше најдобар кај Денвер, Бартон даде 24.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=mhmaSIruORc autoplay:0]
Резултати:
Далас – Јута 93:99 (0-1)
Мемфис – Минесота 117:130 (0-1)
Филаделфија – Торонто 131:111 (1-0)
Голден стејт – Денвер 123:107 (1-0)






