петок, 12 декември 2025

ЦУК ја продолжува потрагата по исчезнатиот од село Теново

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа оттаму, на терен биле двајца вработени во РЦУК Тетово, пет лица од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Тетово, три полицајци од полициската станица (ПС) Жеровјане, три лица од Општина Брвеница како и градоначалникот, и едно лице-нуркач од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово.

„За расчистување на дрвјата, што беа паднати во речното корито на река Вардар, беше ангажиран еден багер што е во приватна сопственост. Паднатите дрвјата беа отстранети од реката кај селото Теново, а беше интервенирано и кај браната во село Радиовце каде што е испустот за водата што беше заглавен од наноси на паднати дрвја. Два нуркача од ДЗС пребаруваа детално во реката на местото каде што беа паднатите дрвјата. Согласно досегашните податоци и информации денеска до 16 часот не е пронајдено исчезнатото лице“, соопштија од ЦУК.

Информираат дека потрагата би требало да продолжи во наредните денови, при што на терен, покрај досегашните ангажирани луѓе, треба да излезат и околу 50 полицајци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ