Санкциите, меѓу другото, се однесуваат на 696 руски државјани како и на финансиски институции, имот, промет и дистрибуција на добра.
На списокот меѓу другите се претседателот на Русија Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за внатрешни работи Владимир Колокољцев, претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров, поранешниот претседател на Русија и актуелен потпретседател на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
На списокот се и Игор Сечин, главниот извршен директор на руската државна нафтена компанија Роснефт, Николај Токарев, главниот извршен директор на руската нафтена и гасна компанија Транснефт.






