сабота, 3 јануари 2026

„Целта на Приштина не е независност, туку создавање голема Албанија“

Објавено на

часот

Сподели

За време на дискусијата на седницата на која се разговараше за новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на Мисијата на ОН во Косово (УНМИК), Селаковиќ рече дека косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала можела да каже дека Косово е развиена демократија „бидејќи таа не претставуваше меѓународно признаена земја“.

„Госпоѓата Гервала рече дека Косово е демократија со голем потенцијал, а не се во состојба да го почитуваат ни сопствениот устав. Враќањето на имотот на манастирот Високи Дечани е еден од десетината такви примери. Но причината што таа така зборуваше е многу едноставна, таа се претставуваше себеси, а не меѓународно признаена земја што е членка на ОН“, рече Селаковиќ.

Тој додаде дека „така ќе остане“, бидејќи целта на Приштина „не е да создаде таканаречено независно Косово, туку голема Албанија“, наведувајќи дека тоа „може да се види во секое интервју“ на косовскиот премиер Албин Курти.

Селаковиќ рече дека Гервала синоќа зборувала за злосторствата на Србија во 1990-тите „наместо да зборува за реалните проблеми на теренот, за прекршувањето на човековите права, за игнорирањето на злосторствата на косовските Албанци“.

„Претседателот Вучиќ е претседател и на вашата земја, госпоѓо Гервала, треба да зборувате со посебна почит за претседателот на својата земја“, рече Селаковиќ.

Тој рече дека Косово е „резултат на активностите на сепаратистичко движење, терористички активности, трговија со дрога и луѓе“ и додаде дека Гервала „кога зборуваше за балканските касапи, заборави да каже дека вистинските касапи се поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и поранешниот т.н. претседател на косовскиот парламент Кадри Весељи“.

Шефот на српската дипломатија рече дека Србија е „столб на стабилноста во регионот“ и дека контрастот меѓу Курти и Вучиќ „никогаш не бил поочигледен“, бидејќи српскиот претседател работи на развој на регионалната соработка, додека косовскиот премиер „го уништува процесот на дијалог“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ