„Чествувањето на празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Нека Велигден ни донесе мир, љубов и нова надеж. Да се радуваме со блиските и да ја славиме светлината на животот“, посакува МАЕИ во честитката.
Честитка до поглаварот на МПЦ-ОА и до сите верници упати Македонското друштво „Илинден“.
„На Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отворете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас. Честит и вековите Велигден“, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Честитки упатија и друштвото Преспа и здружението ВМРО-ДПМНЕ Албанија во која наведуваат дека „чествувањето на празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Нека Велигден ни донесе мир, љубов и нова надеж”.

Од свое и од име на општинската администрација и Советот на општината честит Велигден посака и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.
„Нека овој свет ден биде исполнет со мир, љубов и благослови за вас и вашите најблиски. Нека се воскресне надежта, радоста и светлината во нашите срца. Честит Велигден“, стои во честитката на градоначалникот Колефски.






