среда, 1 април 2026

Бурно во Ерусалим: судири во џамијата Ал акса, повредени се 20 Палестинци (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Сè уште не е познато што го предизвикало насилството, а Исламската заедница која управува со џамијата соопшти дека израелската полиција интервенирала набрзо по утринската молитва, кога во џамијата имало илјадници верници.

На снимките од инцидентот од интернет, се гледа како Палестинците фрлаат камења на полицијата која возвраќа со солзавец и шок бомби.

Од службата за итни случаи на палестинската Црвена полумесечина е соопштено дека 20 повредени лица се префрлени во болниците, а управата на џамијата соопшти дека еден од чуварите е погоден со гумен куршум во око.

Ал акса е третото најсвето место за исламските верници, а изградена е на врвот на ридот кој е најсвето место за Евреите, кои го нарекуваат Рид на храмовите и со децении е главно жариште за израелско-палестинските насилства.

Се очекува десетици илјади Палестинци да се соберат денес во Ал акса на петочна молитва, за време на Рамазан, најважниот и најсветиот месец во исламот.

Израелско-палестинските тензии пораснаа во последните недели по низата смртоносни напади на Палестинците, во кои беа убиени 14 лица во Израел.

Израел поради тоа изведе повеќе апсења и воени операции во окупираниот Западен брег, што предизвика судири во кои беа убиени повеќе Палестинци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ