Ѓорѓи Јомов наместо да се подготвува за престојниот дуел со Македонија во Лигата на нации, тој заврши зад решетки.
Според бугарските медиуми, тој бил приведен и дал исказ за инцидентот во кој имало пукање од огнено оружје.
Немилиот настан се случил откако неговиот брат влегол во кавга со непознати момчиња, по што се вклучил и нивниот татко кој почнал да пука со пиштол. Од пукањето биле повредени две лица од кои едниот потешко.
36-годишен маж добил прострелни рани во нозете и загубил многу крв поради што е во животна опсаност. Вториот маж кој има 26 години, не е во критична состојба.
Братот и таткото на Јомов се во бегство, а нејасно е колку и дали ќе биде задржан фудбалерот во притвор.
Ѓорѓи Јомов е член на ЦСКА Софија, за бугарската репрезентација има десет настапи и два гола.






