Во информацијата од МНР се вели дека шефовите на дипломатиите на двете земји вчера во Брисел присуствувале на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија што се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ. Работниот појадок беше организиран под покровителство на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, а беше посветен на македонското европско.
Инаку, министерот Османи, минатата недела на средба со новинарите ја најави посетата на неговата колешка Генчовска на 23 и 24 март во Скопје и продолжувањето на разговорите со Бугарија за отворените политички прашања.
Османи тогаш потенцира дека уште постојат разлики, но дека се обидуваат да дојдат до решенија прифатливи за двете страни. Тој нагласи дека македонските позиции се усогласени во ставовите и во позициите со резолуцијата на Собранието на Македонија.






