среда, 1 април 2026

Бугарија примила официјално барање од Русија да го плаќа гасот во рубли

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува, тоа го потврдил министерот за енергетика на Бугарија Александар Николов.

Известувањето било примено во петокот вечерта. Во него се наведува дека компанијата во иднина очекува плаќање за гасот исклучиво во рубли.

„Русија сака такво нешто. Тоа е дискутабилно од аспект дали е легално и во согласност со договорните односи, како и дали е применливо и како би се применувало“, кажа Николоб.

Бугарија го поддржува општиот став на Европската Унија – ќе инсистира на плаќање како до сега, во долари или во евра. Бугарскиот договор подразбира плаќање во американската валута.

„Секако дека ќе го усогласиме својот став со ЕУ. Она што во писмото се очекува, ако не грешам, се однесува на 18 април, тоа е следната исплата“, додаде бугарскиот министер.

Останува прашањето што ќе се случи со снабдувањето со гас ако не се најде решение со Русија за плаќањето, пишува бугарскиот портал.

Економистите предвидуваат дека цената на гасот нема во скоро време да почне да паѓа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ