среда, 1 април 2026

Бугарија и Грција напредуваат во преговорите за заедничка нуклеарна централа

Објавено на

часот

Сподели

Атина и Софија ќе треба да чекаат најмалку една година за да се заврши експертската студија, а за тоа време бугарската владејачка коалиција ќе треба да ги усогласи ставовите за изградба на електраната.

Асен Василев вели дека нуклеарната електрана треба да биде градена „исклучително брзо“, бидејќи има купувач за струјата, со што се елиминира деловниот ризик. Но, експертите проценуваат дека не може да се изгради побрзо од минималниот рок од шест до осум години, а цената сè уште не е дефинирана.

Проблемот е што и Бугарија во сегашните околности не може да ги инсталира двата купени руски нуклеарни реактори. Нивното поставување не е можно без руско учество, а тоа е невозможно поради војната во Украина и воведените санкции.

Економската студија на британската банка ХСБЦ, подготвена за проектот на втората нуклеарна електрана во Бугарија во 2012 година, покажа цена од 10 милијарди евра. Бугарскиот министер за енергетика Александар Николов вели дека електраната може брзо да се изгради само на постојната локација на нуклеарната електрана во Козлодуј.

Извори блиски до ова прашање за Еурактив велат дека во Бугарија има сериозен проблем пред идниот договор со Грција: како да се реши прашањето за одговорноста за евентуални вонредни случаи.

„Имено, не постои шема според која одговорноста може пропорционално да се префрли на друга држава – според Виенската конвенција за граѓанска одговорност за нуклеарна штета… Неопходно е да се разјасни механизмот со кој Грција сака да се вклучи во проектот – како акционер или само како купувач на електрична енергија“, изјави извор за Еурокатив.

„Грците се свесни за внатрешните проблеми и преговорите мора да се водат многу внимателно – за да не станат како водите на Места“, додаде изворот.

Според билатералниот договор, Грција има бенефит од 29 отсто од вкупниот просечен природен повеќегодишен проток на реката Места до 2030 година. Договорот е потпишан во 1996 година и е остро критикуван во Бугарија за значителното намалување на потрошувачката на вода во југозападниот дел на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ