понеделник, 8 декември 2025

Брус Вилис се откажува од глумата поради мозочно заболување

Објавено на

часот

Сподели

Семејството на актерот, меѓу другите и неговата сопруга Ема Хеминг-Вилис и поранешната сопруга Деми Мур, денеска соопштија за неговата состојба на Инстаграм.

Афазијата „влијае на неговите когнитивни способности“, се вели во изјавата.

„По долго размислување Брус ја прекинува кариерата, која му значеше толку многу“, напиша неговото семејство во заедничката изјава. „Ова е навистина тежок период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка“.

67-годишниот Вилис има пет ќерки, три со Мур и две со Хеминг-Вилис.

Најпознат е по улогата на Џон Меклејн во филмовите „Умри машки“, кои го направија ѕвезда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ