„Манчестер јунајтед со задоволство може да соопшти дека Бруно Фернандеш потпиша нов договор со кој ќе остане во клубот до јуни 2026, со опција за уште една година“, стои во соопштението на Јунајтед.
Бруно Фернандеш изрази големо задоволство што ја продолжува соработката со Манчестер јунајтед.
„Од моментот кога дојдов во Манчестер јунајтед имам посебна врска со клубот и нашите неверојатни фанови. Пораснав гледајќи го овој тим, сонував еден ден да добијам шанса да заиграм. Сонот сега е реалност и ми е голема чест“, вели Фернандеш.
„Дури и по две години, се уште се чувствувам неверојатно кога стапнувам на Олд Трафорд и ги слушам фановите како ја пеат мојата песна. Вистинска привилегија е да се носи дресот и да се борите за овој неверојатен клуб“.
„Има уште многу работи кои сакам да ги постигнам тука, знам дека истото го сакаат и останатите играчи и стручниот штаб. Повеќе од се сакаме да им го донесеме успехот на фановите кои го заслужуваат“.
„Имавме некои големи моменти во изминатите години, но најдоброто допрва доаѓа и од мене и од овој тим“.






