Ноќеска се играа плеј-ин натпреварите меѓу седмиот и осмиот, по што е познат уште по еден патник од истокот и западот во плеј-офот.
Бруклин со 115 – 108 го доби мечот со Кливленд. Ирвинг беше најдобар во победничкиот тим со 34 поени и 12 асистенции, Дурент имаше 25 поени и 11 асистенции.
Овој пораз не значи елиминација на Кливленд, тие ќе имаат уште една шанса, ќе играат со победникот од дуелот меѓу Атланта и Шарлот.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=Qjn29sDbbd4 autoplay:0]
Предноста на домашен терен ја искористи и Минесота која со 109-104 го победи Лос Анџелес Клиперс. Едвардс со 30 поени беше најдобар кај домаќините, Расел постигна 29.
Минесота оди во плеј-офот, а Лос Анџелес Клиперс ќе игра со победникот од дуелот меѓу Њу Орлеанс и Сан Антонио.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=bTCv9ITBo3A autoplay:0]
НБА плеј-ин:
Бруклин – Кливленд 115:108
Минесота – ЛА Клиперс 109:104






