Спасувачите извадиле уште две тела од насуканиот Коста Конкордија, со што бројот на жртви на луксузниот брод порасна на пет, а уште 17 се уште се водат како исчезнати.
Италијанската крајбрежна стража изјави дека нуркачите во спасувачката оепрација откриле две тела на постари луѓе во потопениот ресторан на луксузниот брод.
Спасувачката операција продолжува, но официјалните лица го намалија бројот на исчезнати лица од 40 на 17.
Полицијата се уште истражува зошто огромниот брод скршнал од патот и се насукал недалеку од островот Гиљо. Капетанот на бродот, кој е уапсен поради тоа што се евакуирал пред сите патници да бидат спасени, изјави дека бродот удрил во карпа необележана на мапите. Дури потоа бродот ја сменил насоката.
Бројот на жртви на италијанскиот брод порасна на пет

Објавено на
часот