недела, 1 февруари 2026

Бројот на новозаразени во Хонг Конг нагло расте

Објавено на

часот

Сподели

И покрај променливиот успех на ваквите санитарни мерки, властите во Хонг Конг се придржуваат до политиката на нулта толеранција на Кина, која вклучува карантин и масовно тестирање за коронавирусот.

„Нашите досегашни мерки за спречување на ширењето на инфекцијата остануваат легитимни и во сила“, рече таа.

Во последните 24 часа во Хонг Конг се регистрирани 2.071 случај на зараза, а се очекува тој број денеска да се удвои.

Лам изјави дека ќе бидат отворени нови објекти за карантин, заедно со околу 10.000 хотелски соби што сега служат како место за изолирање на заразените.

Само вакцинирани лица можат да влезат во трговските центри и супермаркетите, а затворени се фризерниците, верските објекти, како и продавниците.

Зградите во кои се регистрирани новозаразените се ставени во карантин. Училишниот распуст е продолжен до 6 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ